Видео

18 декември, 2018

Лазар Милошески го препеа Џони Кеш

Охридскиот рок-музичар Лазар Милошески летово ја започна својата соло-кариера со одличната „Кога тапанот ќе стивне“, за која доби само позитивни критики од публиката. Некогашниот вокалист на бендот „Барел роу“ сега нè почести и со својата прва преработка на рок-баладата „Hurt“, која оригинално ја отпеа американскиот бенд „Најн инч нејлс“ (1994), но ја прослави легендарниот Џони Кеш (2002), чие видео ја освои и престижната награда Греми, а списанието „Ен-Ем-И“ го прогласи за најдоброто видео на сите времиња.

My first cover is out, one of my favorite songs Hurt – Johnny Cash i hope you like it.Audio/mix: Lazar MiloseskiVideo:…

Gepostet von Lazar Milosheski am Montag, 17. Dezember 2018

 

Лазар одлично ја долови емоцијата на оваа балада, а освен што ја отпеа, се погрижи и за миксот, а за видеото му помогна Марко Лазороски, додека монтажата ја направи Филип Милошески. Како изгледа и звучи сето тоа во изведба на талентираниот охриѓанец дознајте во продолжение. Уживајте!

Насловна фотографија: Филип Милошески



Врати се горе ↑