Аудио 14933_702564523175576_3457130395106476646_n

2 февруари, 2015

„Lay Me Down“ е новиот сингл на Сем Смит

Сем Смит реши успехот од 2014 година да го продолжи и во 2015. Британскиот музичар деновиве го објави својот нов сингл од рекордерското првенче „In The Lonely Hour“, а тоа е прекрасната балада „Lay Me Down“, која можете да ја преслушате во продолжение.

Младиот пејач, кој за мошне кусо време се стекна со статус ѕвезда, на 8 февруари ќе настапи на доделувањето на Греми наградите, каде што е номиниран во 6 категории, а на 25 февруари ќе запее и на сцената во лондонската арена „О2“, каде што ќе бидат доделени британските музички награди, за кои доби 5 номинации.

 



Врати се горе ↑