Свет snoop-dogg-snoop-lion-8.7.2012

19 март, 2013

Лавот е роден! Снуп Лајон го претстави „Reincarnated“

За време на тукушто одржаниот „South by Southwest“ фестивал во САД, се одржа долгоочекуваната премиера на филмот „Reincarnated“, кој говори за неверојатната лична и музичка трансформација на Снуп Дог (Snoop Dogg), ѕвездата на овогодинешната ЕГЗИТ Р:Еволуција. Еден од најголемите хип хоп изведувачи на сите времиња, Снуп Дог, го претстави пред јавноста своето ново алтер его кое го носи името Снуп Лајон (Snoop Lion). Егзит со гордост ја претставува неповторливата можност на главната бина годинава да го видиме судирот на две личности, две алтер ега, два целосно различни музички правци во изведба на еден човек.

Во филмот, раперот доживува реинкарнација во музичка и во филозофска смисла преку престојот на Јамајка каде е родена идејата за Снуп Лајон – ликот кој преку реге музиката се залага за мир и љубов, отфрлајќи го своето проблематично минато: „Не одлучив туку така да заминам на Јамајка, духот на реге музиката и растафари ме повикаа. Дојдов да направам нов албум, да снимам филм и вистински да се откријам себе си. Затоа, кога ќе сознаеш кој ти е животниот пат, треба да се водиш по него и да бидеш најдобар во тоа што го правиш.“ – изјави Снуп во оваа прилика.

„Reincarnated“ ни дава можност да го видиме Снуп Дог во ново светло, како емотивно говори за растењето и својот сон за живот далеку од улицата и насилството кои го одбележаа раниот преиод на неговата кариера. Тој се потсетува и на својата младост, неговата улога во бандите, смртта на неговите пријатели Тупак Шакур и Нејт Дог, како и периодот на соработката со славниот Д-р Дре. Филмот ја следи и посетата на прочуениот Тренч Таун, делот на Кингстон кој се смета за колевка на реге музиката, во кој живееја и твореа легендарните Боб Марли и Питер Тош. Снуп истотака се сретнал и со растафаријанските свештеници, а неговото ново име, во духот на ова верување, го благословија синот на најголемиот реге музичар на сите времиња Боб Марли – Демиен, Бани Вејлер, членот на оригиналниот состав на групата „Д Вејлерс“, како и многу други великани на реге сцената. Сепак, она што е најзначајно во филмот е метаморфозата која ја доживува Снуп како уметник: „Со овој албум сакам да испратам порака за љубов и да го насочам вниманието на одличната музика која настанала на овој прекрасен остров, чија намена отсекогаш била позитивно да го менува светот и има посебен живот за себе“.

Филмот „Reincarnated“ го најавува новиот, истоимен албум на Снуп Лајон кој излегува на 23-ти април. Албумот, кој го продуцираше Дипло (Diplo), познат и под името Мејџор Лејзер (Major Lazer), во моментов најценетиот продуцент на овој музички жанр, ќе имаме прилика да го чуеме за време на ЕГЗИТ фестивал, од 10-14 јули.

Личната Р:Еволуција на Снуп Дог во Снуп Лајон, се одвива паралелно со Р:Еволуцијата на Егзит, што ни дава неповторлива прилика на овогодинешната главна бина на фестивалот да видиме судир на две личности, две алтер ега, два тотално различни музички правци во изведба на еден човек. Експлозијата на рима и енергичен бит која ја носи Снуп Дог, ќе им пркоси на лежерните реге ритмови и позитивни пораки на Снуп Лајон во еден незаборавен спектакл. Снуп и ЕГЗИТ  оваа година заедно ја испраќаат пораката која има за цел да им покаже на луѓето дека промената е дел од човековата природа, како и дека можеме да го промениме светот, но само ако прво се промениме себе си.

Трејлерот за филмот „Reincarnated“ можете да го погледнете во продолжение.

 

Биди дел од промената, како што тоа веќе се и:

Atoms for Peace, Snoop Dogg aka Snoop Lion, Bloc Party, DJ Fresh Live, Seth Troxler, Dubfire, Friction, Pan-Pot, Matador live, SubbAn b2b Adam Shelton, Apollonia и Deniz Kurtel, Skism, Brookes Brothers, Inspector Dubplate, Dub Phzsics, The Prototypes, како и сите оние изведувачи кои допрва ќе станат тоа како дел од Р:Еволуцијата на Егзит!

Актуелната цена на петдневните влезници за претстојниот Егзит фестивал изнесува 3580 денари, а истите можат да се купат во продажната мрежа на МКтикетс.

 



Врати се горе ↑