Настани LoveFest 5

12 јули, 2014

„Лав Фест 2014“ караванот започнува со љубовните забави низ Македонија

Како најава на одличниот „Лав Фест 2014“, кој од 7-9 август ќе се одржи во Врњачка Бања, веќе од вчера започна љубовниот караван кој ќе ја обиколи цела Македонија. Добра забава, многу љубов, и секако награди и можност да се купат билети за „фестивалот на љубовта“ ќе бидат главните одлики на овој караван, кој ќе вклучи и екслузивни диџеи од Македонија, но и од странство.

Караванот започна вчера во „Amnesia“ во Тетово, а денеска (сабота, 12 јули) забавата се сели во „Cream Caffe“ во Гевгелија, додека во четврток (17 јули) љубовните забави се селат во клубот „Lollypop“ во Куманово. Во петок (18 јули) уште една забава за Куманово, овој пат во „Касапски Круг“.

 

Многу интересни содржини ќе го одбележат месецот пред одржувањето на фестивалот. Организаторот вели дека интересот е навистина голем, а во деновите пред нас истиот ќе биде уште поголем благодарение на „Лав Фест 2014“ забавите низ Македонија.

Картите за „Лав Фест 2014“ се по цена од 999 денари за трите фестивалски дена и истите можат да се набават преку МКТикетс и продажната мрежа на ОНЕ.



Врати се горе ↑