Видео

20 февруари, 2019

„Ласт експедишн“ по 22 години се враќаат со „Hey Ho“

Култниот рок-состав „Ласт експедишн“ се враќа на музичката сцена по дискографска пауза од дури 22 години, со повратничкиот сингл насловен „Hey Ho“. Станува збор за авторско дело на Енко, а аранжманот го направи бендот, додека снимањето се одвиваше во студиото „Тра-ла-ла“ на Мите Димовски. Песната стигна во комплет со видео во режија на Дарко Антоновски.

 

Само за потсетување, „Ласт експедишн“ е формиран во 1985 во скопско Ѓорче Петров. Досега имаат четири албуми – „Интро“, „Изгубени ликови“, „Бокс“ и „Лајв А1“. Во актуелниот состав на групата членуваат Енко (вокал), Сецко (гитара), Салпе (гитара), Драган Стојковски (бас) и Сашко Костов (тапани). Во студиската сесија, басот го сними Славчо Пеев.

После цели 22 години ексклузивно новата песна и спот на LAST EXPEDITION – HEY HOУживајте!

Gepostet von Last Expedition am Montag, 18. Februar 2019



Врати се горе ↑