Свет wham-last-christmas

27 декември, 2013

„Last Christmas“ е наjслушаната божиќна песна на Spotify

Некогашното мега-популарно дуо Wham! и нивниот хит „Last Christmas“ се најдоа на самиот врв на листата од најслушани песни за Божиќ во Велика Британија, пренесува сервисот Спотифај (Spotify). Оваа празнична класика од 1984 година се проби на самиот врв, симнувајќи го „Кралот на празниците“Мајкл Бубле на второто место, кое го зазеде со неговата преработка на „It’s Beginning To Look A Lot Like Christmas“, како и Мараја Кери со нејзиниот хит „All I Want For Christmas Is You“, кој сега се наоѓа на место број три.

Меѓутоа, во „апсолутната категорија“, Бубле едноставно владее со оваа листа, со оглед на тоа што меѓу првите десет најслушани песни се наоѓаат дури седум негови, кои се наоѓаат на неговото празнично издание „Christmas“ од 2011 година. Меѓу нив се и дуетот „White Christmas“ кој со него го изведува Шанаја Твејн, како и неговата обработка на „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери (нивниот заеднички настап можете да го погледнете во рамките на неговата специјална празнична емисија).

Покрај серијата песни од Бубле, во најдобрите десет успеаја да се искачат и ирските рокери Д Поугс со својот класик „Fairytale Of New York“, кој го изведуваат со Кристи МекКол. Како изгледа комплетната листа од 10-те најслушани песни овој Божиќ во Велика Британија според Спотифај можете да видите во продолжение.

1. ‘Last Christmas’ – Wham!

 
2. ‘It’s Beginning To Look A Lot Like Christmas’ – Michael Bublé

 
3. ‘All I Want For Christmas Is You’ – Mariah Carey

 
4. ‘Jingle Bells’ – feat. The Puppini Sisters – Michael Bublé

 
5. ‘Fairytale Of New York’ – feat. Kirsty MacColl – The Pogues

 
6. ‘Santa Claus Is Coming To Town’ – Michael Bublé

 
7. ‘White Christmas’ – with Shania Twain – Michael Bublé

 
8. ‘Holly Jolly Christmas’ – Michael Bublé

 
9. ‘All I Want For Christmas Is You’ – Michael Bublé

 
10. ‘Have Yourself A Merry Little Christmas’ – Michael Bublé

 



Врати се горе ↑