Концерт

11 јуни, 2019

Лара Фабијан на 16 ноември во Белград

Со повеќе од 20 милиони продадени албуми ширум светот, Лара Фабијан се враќа со новата турнеја „50 World Tour“, во чии рамки ќе го посети и Белград. Турнејата ќе биде прослава на нејзиниот 50. роденден, со специјален настап по повод 30 години кариера што ќе ги вклучи сите хитови од дури 14 студиски албуми, меѓу кои „Je t’aime“,  Quédate, „Caruso, „Adagio, „Je Suis Malade и други.

Својот најнов албум на француски јазик – „Papillon“ – Фабијан го објави во февруари годинава.

Концертот во Белград е закажан за 16 ноември во арената „Штарк“, а влезниците се веќе пуштени во продажба (www.starkarena.co.rs).



Врати се горе ↑