Свет ldr-ouad

24 јануари, 2014

Лана Дел Реј запеа и за саундтракот на дизниевиот филм „Maleficent“

По големиот хит „Young & Beautiful“ кој го сними за саундтракот на филмот „Големиот Гетсби“, американската пејачка Лана Дел Реј  сними песна и за претстојното филмско остварување на Дизни – „Maleficent“, кое ќе ја прикаже познатата бајка „Заспаната убавица“ од аспект на лошата вила, чија улога ја игра Анџелина Џоли. Интересно е тоа што Дел Реј ја отпеа познатата тема „Once Upon A Dream“, која е една од најпрепознатливите песни од дизниевиот анимиран филм од 1959 година.  Новата филмска верзија можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа потсетете се како звучеше оригиналот во анимираниот филм.

 

 

 



Врати се горе ↑