Свет lana-del-rey

28 февруари, 2013

Лана Дел Реј за новиот албум

Лана Дел Реј во моментов се наоѓа во Санта Моника каде што ги пишува новите песни кои ќе се најдат на нејзиното второ издание. „Песните ќе бидат подуховни, но и понатаму мрачни и филмски“ – најавила пејачката. „Иако процесот се одвива бавно, задоволна сум со материјалот кој го имам“ – вели таа, додавајќи дека соработува со авторите (Емил Хајни, Џастин Паркер и Рик Ноуелс) кои се заслужни за хитовите на нејзиниот деби албум „Born To Die“, кој е објавен во јануари 2012 година и до сега е продаден во 3,4 милиони примероци ширум светот.

Францускиот режисер Јоан Лемоан, познат и како Вудкид, ги режираше нејзините видео записи „Born To Die“ и „Blue Jeans“, а пејачката планира да ја продолжи соработката со него и на новиот албум. Првиот сингл за кој можеме да очекуваме видео запис ќе биде песната „Black Beauty“.

Дел Реј неодамна започна да соработува со британскиот произведувач на автомобили Јагуар, а нивниот прв заеднички проект беше видео записот за песната „Burning Desire“.

Извор: BBC.co.uk/MTV.rs



Врати се горе ↑