Свет Lana-Wallpapers-lana-del-rey-29229644-1024-768

24 октомври, 2012

Лана Дел Реј со реиздание на албумот

Американската пејачка Лана Дел Реј наскоро ќе го објави нејзиниот втор музички проект, односно реиздание на нејзиното првенче со наслов „Born to Die: The Paradise Edition“. Покрај веќе познатите песни, на овој нов албум ќе се најдат уште осум други, а тоа се: Ride, American, Cola, Body Electric, Blue Velvet, Gods & Monstars, Yayo, Bel Air и Burning Desire. Албумот ќе биде пуштен во продажба на 13ти ноември.

Дел Реј се потпишува зад некои од нејнзините, но и зад дел од песните на британската пејачка Шерил Кол со која почна да соработува во мај годинава. Покрај Кол, Лана неодамна соработуваше и со Боби Вомак, односно гостуваше во нумерата „Dayglo Reflection“ која ќе се најде на албумот на Вомак. Презадоволен од соработката со Дел Реј, Вомак изјави дека би сакал да продолжи да соработува со пејачката и да снимат заеднички цел албум.

Првиот најавен сингл за реизданието на албумот е нумерата „Ride“, чиј видео запис можете да го погледнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑