Свет Lana-Del-Rey

1 февруари, 2013

Лана Дел Реј подготвува нов албум

Американската пејачка и текстописец Лана Дел Реј го подготвува материјалот за нејзиниот трет по ред студиски албум (четврт ако се смета и реизданието на „Born to Die“, насловено „Paradise“). Таа беше забележана пред студио во Санта Моника, каде што била излезена на пауза.

Нејзиниот прв албум „Lana Del Rey a.k.a. Lizzy Grant“ е нејзино прво независно издание од јануари 2010 година, кога таа сè уште беше позната по нејзиното вистинско име Елизабет Грант. Потоа следуваше деби албумот „Born To Die“ кој го издаде под етикетата на Interscope Records, со кои потпиша заеднички договор со Polydor и Stranger Records во април 2010 година.

За сега не се познати деталите околу новото издание, но се надеваме дека наскоро ќе чуеме нешто ново од неа.

 



Врати се горе ↑