Свет ldr

26 февруари, 2017

Лана Дел Реј открива детали за новиот албум

Пред само неколку дена стигна првиот сингл од новиот албум на Лана Дел Реј, а во неодамнешен разговор со британското радио Би-би-си, пејачката откри што можеме да очекуваме од новиот материјал.

„Започнав со идејата целиот албум да го следи некаква атмосфера од педесеттите и шеесетите, нешто со влијанија од ’Шангри-Лас’ и Џоан Баез“, објасни таа. „Но не знам… како што се загреваше политичката клима, сфатив дека текстуално сè е насочено кон тоа. Токму затоа постојано го доработував звукот и ми се чини дека сè повеќе се обраќам на помладиот дел од мојата пубика. Мислам дека тие се малку повеќе социјално ангажирани. Тоа е некое глобално чувство.“

Целиот разговор можете да го слушнете овде.

 



Врати се горе ↑