Аудио ldr

22 април, 2015

Лана Дел Реј објави нова песна „Life Is Beautiful“

Познатата пејачка, која во изминативе неколку години стана неизбежен дел од саундтрак изданијата за бројни филмови филмови („Големиот Гетсби“, Злобница“ (Maleficent), „Големи очи“), Лана Дел Реј повторно запеа за уште едно филмско остварување. Овој пат станува збор за темата „Life Is Beautiful“, која може да се слушне во трејлерот за „Безвременската Адалајн“ (The Age of Adaline), чија премиера е закажана за 24 април и во кој главната улога ја игра актерката Блејк Лајвли, најпозната по популарната серија „Озборувачка“ (Gossip Girl). Како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 

Во меѓувреме, Дел Реј го подготвува новиот албум „Honeymoon“, за кој соработува и со познатиот британски хит-мејкер Марк Ронсон, што го потврди и самиот продуцент. Лана веќе напишала 9 песни за своето ново студиско издание, кое ќе биде мошне поразлично од минатогодишниот „Ultraviolence“. На него ќе се најде и нејзината верзија на познатата песна „Don’t Let Me Be Misunderstood“ од Нина Симон. Исто така, пејачката ја најави и новата песна „Music Тo Watch Boys To“.

Во рамките на својата американска турнеја, Лана ќе настапува заедно со Кортни Лав, а кога е во прашање Европа, пејачката сè уште нема откриено детали за концертите на стариот континент.



Врати се горе ↑