Аудио Lana

13 јули, 2017

Лана Дел Реј објави две нови песни од претстојниот албум

Непосредно пред објавувањето на својот петти по ред студиски албум, закажан за 21 јули, Лана Дел Реј ја загрева атмосферата со нови песни од претстојното издание, па после најавниот сингл Love и насловната „Lust For Life“ во дует со Викенд, вчера стигнаа и темите „Summer Bummer“ и „Groupie Love“, и двете во соработка со колегата Ејсеп Роки. Станува збор за песни во ар-ен-би стил, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑