Свет ldr

27 септември, 2014

Лана Дел Реј најави 2 концерта на холивудските гробишта

По неодамнешното откажување на неколку гостувања ширум Европа, Лана Дел Реј најави два концерти во САД, и тоа на гробиштата во Холивуд. Имено, на 17 и 18 октомври пејачката ќе настапи на гробиштата „Холивуд засекогаш (Hollywood Forever)“, кои, според описот на официјалната веб страна, се „последното претстојувалиште на повеќе основачи на Холивуд и холивудски ѕвезди од кое било друго место на Земјата“. Интересно е тоа што на ова место концерти се одржуваат мошне често.

Овие два концерта ќе бидат и прво појавување во јавноста за пејачката, која од здравствени причини откажала цела серија настапи во повеќе европски земји. Во изјавата по повод откажувањето на настапите, нејзината издавачка куќа „Полидор“ соопштила: „Од медицински причини и независно од нашата волја, музичарката е принудена да ги откаже сите промотивни активности во Европа во наредниот период.“

Својот најнов албум „Ultraviolence“, Дел Реј го објави во мај годинава. Поголемиот дел од песните, вклучувајќи го и водечкиот сингл „West Coast“, ги продуцирал Ден Ауербах од бендот „Блек киз“.

 



Врати се горе ↑