Свет big-eyes

20 ноември, 2014

Лана Дел Реј ќе напише 2 песни за новиот филм на Тим Бартон

Лана Дел Реј, која во последно време го доби и епитетот „кралица на саундтрак изданијата“, ќе напише две песни за новиот филм на познатиот режисер Тим Бартон, кој ќе пристигне под насловот „Големи очи“ (Big Eyes). Имено, како што пренесува „Холивуд репортер“, пејачката ќе се потпише и како коавтор на насловната тема, како и на песната насловена „I Can Fly“. Еден од продуцентите на филмот, Лери Каразуски (Larry Karaszewski), за пејачката вели: „Филмот раскажува приказна за жена која не може да го пронајде својот глас, а песната на Лана совршено го одразува она што го чувствува Маргарет.“

„Големи очи“ е всушност биографски филм за познатата американска уметница Маргарет Кин (Margaret Keane), чии слики со деца со изразено големи очи, кои биле вистински хит во педесеттите и шеесеттите години, му биле погрешно припишани на нејзиниот сопруг, Волтер, за кој подоцна се открило дека е измамник. Интересно е тоа што големите очи се одлика и на повеќето ликови во филмовите на Бартон, а неговото најново филмско остварување, со Ејми Адамс и Кристоф Волц во главните улоги, својата премиера ќе ја доживее на 25 декември.



Врати се горе ↑