Аудио 0fb168af8276dc8592e07fe1bb038025-640x483

23 април, 2013

Лана Дел Реј ја претстави „Young & Beautiful“

На сервисот SoundCloud се појави новата песна која ја претставува Лана Дел Реј, а ќе се најде на претстојниот саундтрак за филмот „Големиот Гетсби“, чиј извршен продуцент е Џеј Зи, а покрај Дел Реј, на ова издание ќе се најдат имиња како што се Џек Вајт, Флоренс & д машин, Готје, Брајан Фери, Вил Ај Ем, Бијонсе и други. На саундтракот ќе може да се слушне и обработката на познатиот хит „Crazy In Love“ од Бијонсе, овој пат во изведба на Емели Санде во придружба на Оркестарот на Брајан Фери.

За работата на ова саундтрак издание, Лана изјавила: „Ми беше чест да работам со Баз Лурман на неговата импресивна адаптација на една од најизвонредните книги некогаш напишани.“ 

На албумот „The Great Gatsby“ ќе се најдат 14 песни, кои имавте можност да ги преслушате минатата недела, а изданието ќе биде објавено на 6-ти мај. Во продолжение слушнете ги двете верзии (стандардна и оркестарска) на „Young & Beautiful“ во изведба на Лана Дел Реј, воедно и прв сингл од ова издание.

 

Извор: NME



Врати се горе ↑