Аудио

7 март, 2018

Лана Дел Реј ја препеа „You Must Love Me“ од Мадона

Како што Ви пренесовме неодамна, Лана Дел Реј е дел од музичките ѕвезди што ќе запеат за роденденската компилација со песни од најпознатите мјузикли на Ендру Лојд Вебер, кој на 22 март ќе го прослави својот 70. роденден. Како голема обожавателка на Вебер, Лана изрази огромно задоволство што добила можност да препее еден од неговите најпознати хитови, оригинално изведен од Мадона за потребите на филмот „Евита“.

Станува збор за баладата „You Must Love Me“, за која Вебер во 1997 година се закити со својот прв и засега единствен Оскар, а многумина веќе тврдат дека верзијата на Лана е уште подобра од онаа на Мадона, па како звучи сето тоа слушнете во продолжение. Уживајте!



Врати се горе ↑