Аудио

17 мај, 2019

Лана Дел Реј ја препеа „Doin’ Time“ од „Сублајм“

Следбениците на американската ѕвезда Лана Дел Реј веќе подолго време го очекуваат нејзинот нов албум „Norman F*cking Rockwell“, кој ќе го наследи „Lust For Life“ (2017) и од кој веќе ја слушнавме „hope is a dangerous thing…“, а сега конечно имаме уште нешто ново од 33-годишната пејачка.

Имено, таа штотуку ја претстави темата „Doin’ Life“, преработка на истоимениот хит од калифорнискиот бенд „Сублајм“, кој ќе биде дел и од претстојниот документарец за групата. Не е познато дали песната ќе се најде и на новиот албум, што ќе биде шести во ред во нејзината кариера и за кој сè уште нема никакви детали, освен дека се очекува во текот на годинава.

Изградена врз основа на безвременската „Summertime“ од Гершвин (компонирана за операта „Порги и Бес“ од 1935), песната во изведба на Дел Реј ја продуцираа Хепи Перез и Ендру Ват, а како звучи сето тоа дознајте во продолжение. Уживајте!

 

 



Врати се горе ↑