Аудио

9 јануари, 2019

Лана Дел Реј има нова песна

„hope is a dangerous thing for a woman like me to have – but i have it“ е мошне долгиот наслов на новата песна на Лана Дел Реј, која пејачката ја претстави деновиве. Станува збор за уште една соработка со долгогодишниот продуцент Џек Антоноф, која е вовед во новото, шесто по ред студиско издание насловено „Norman Fucking Rockwell“.

Сепак, како што пишува во официјалното соопштение, не станува збор за официјален сингл, туку само за песна за фановите кои со нетрпение го очекуваат наследникот на „Lust For Life“ (2017). Сè уште нема многу детали околу новото издание, но се очекува да стигне во текот на годинава, а како звучи новата песна на Лана Дел Реј слушнете во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑