21 април, 2017

Лана Дел Реј и Викенд заедно во новото видео за „Lust For Life“

Лана Дел Реј ја објави насловната тема од претстојниот албум, „Lust For Life“, за која ги здружи силите со колегата Викенд. Песната стигна заедно со видео запис, во кој музичарите прегрнати седат на најпознатото обележје во Лос Анџелес, знакот Холивуд, од каде што имаат одличен поглед кон градот на ангелите.

Ова не е прва соработка популарните ѕвезди. Лана претходно гостуваше на неколку теми од последните два албума на Викенд, па ова е своевидно враќање на услугата. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑