19 април, 2013

Лана Дел Реј и нејзиното момче ја преработија „Summer Wine“

Лана Дел Реј не мирува! Неодамна, како гром од ведро небо, ја објави нејзината преработка на „Chelsea Hotel No. 2“, оригинално отпеана од Леонард Коен, во меѓувреме беше најавено дека ќе биде дел и од „ѕвездениот“ саундрак за филмот „Големиот Гетсби“, а вчера Дел Реј претстави уште една преработка, која пристигна заедно со домашно видео.

Овој пат станува збор за добро познатиот хит „Summer Wine“, оригинално претставен од Ненси Синатра и Ли Хејзлвуд, а пред неколку години го слушнавме и во изведба на ХИМ. Она што е уште поинтересно е тоа што стиховите на Ли Хејзлвуд ги пее момчето на Лана, Бери Џејмс Оу’Нил (кој пее во бендот Кесиди). „Домашниот“ видео запис е направен со квалитет како видео касета, ретро стил соодветен за ретро песна. Како тоа изгледа и звучи, погледнете горе.

 



Врати се горе ↑