Свет 933897_597629280279526_1564100395_n

28 ноември, 2013

Лана Дел Реј го најави „Tropico“ за 5-ти декември

Лана Дел Реј ја најави премиерата на својот долгоочекуван получасовен филм „Tropico“ и конечно потврди дека филмот премиерно ќе биде претставен на 5-ти декември, како дел од нејзиното издание насловено „The Tropico EP“. Во овој филм, за чија режија бил задолжен Ентони Мендлер и чиј продуцент е Рик Рубин, ќе се појават три песни на пејачката и тоа „Body Electric“, „Gods and Monsters“ и „Bel Air“, а во главната улога како нејзин партнер ќе се појави Шон Рос, кој е познат и како првиот машки албино модел.

Новиот филм кој го следи нејзиното ЕП издание, Дел Реј го опишала на следниот начин: „Тоа се Елвис и Исус и Мерилин и вонземјаните, сите во една иста приказна“, а за нејзиниот можен втор албум кој би го наследил минатогодишниот „Born To Die“, додала: „Кога ме прашуваат за втор албум, морам да бидам искрена и да кажам – навистина не знам… Не сакам да кажам нешто како ’секако, и дефинитвно ќе биде подобар од првиот’ и сл., бидејќи сè уште ’не го слушам’. Мојата инспирација е многу превртлива, ми доаѓа само повремено и тоа умее да ми пречи.“

Во продолжение погледнете го трејлерот кој го најавува филмот „Tropico“.

 



Врати се горе ↑