18 април, 2014

Лана Дел Реј го најави новиот албум со „West Coast“

По получасовниот филм „Tropico“ којшто го претстави во декември минатата година, Лана Дел Реј деновиве го објави официјалниот прв сингл со кој го најавува нејзиниот трет студиски албум „Ultraviolence“. Станува збор за песната насловена „West Coast“ за која пејачката соработуваше со Рик Ноуелс, а за продукцијата беше задолжен Ден Ауебах. Песната исто така доби едноставно црно-бело видео издание кое можете да го погледнете горе.



Врати се горе ↑