19 септември, 2017

Лана Дел Реј го екранизираше својот „Бел Мустанг“

После најавниот сингл „Love“ и насловната тема од новиот албум, „Lust For Life“, Лана Дел Реј екранизираше уште една нумера од своето петто студиско издание објавено во јули годинава. Станува збор за песната „White Mustang“, во чија екранизација се појавува истоимениот автомобил, кој доби мала „улога“ и во видеото за „Born to Die“ (2011). Како изледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑