Аудио la-mc

5 јануари, 2015

Ламбе Ви ги честита празниците со „Feliz Navidad“

Празнична песна „Feliz Navidad“, која во 1970 година ја претстави порториканскиот музичар Хозе Фелисијано, со својот едноставен и заразен рефрен стана вистинска класика за време на овој период од годината, а свои верзии снимија и познати музички имиња како што се Селин Дион, Мајкл Бубле и Талија, легендарниот Лучијано Павароти, „Бони ем“ и многу други. Токму со оваа песна празниците Ви ги честита нашиот познат пејач Ламбе Алабаковски, а неговата верзија, чиј аранжман го направи Дарко Димитров, можете да ја преслушате во продолжение. Уживајте!

 



Врати се горе ↑