7 ноември, 2013

Ламбе се враќа со провокативен видео запис

По подолгата пауза од музичката сцена, Ламбе Алабаковски неодамна премина во „План Б“ продукција и го најави својот нов сингл, а темата насловена „Земи сè“ стигна деновиве заедно со видео издание. Како автор на песната се потпишува Јован Јованов, а провокативниот видео запис во кој се појавува и моделот Марија Нацева, го режираше Марјан Огненовски во соработка со продукцијата Фабрика. Како звучи и изгледа сето тоа можете да видите горе.



Врати се горе ↑