Македонија lambe

24 октомври, 2013

Ламбе премина од „М2“ во „План Б“ продукција

Некогашниот екслузивец и победник на потрагата по ѕвезда на М2 продукција, Ламбе Алабаковски ја прекина соработката со оваа продукција, а неговата кариера ќе продолжи да ја гради со „План Б“, пишува Утрински весник. Тој дефинитивно ќе остане во Македонија и активно се враќа на домашната музичка сцена.

„Потпишавме ексклузивен договор со Ламбе на три години. Тој е квалитетен и докажан вокал, а ние ги поддржуваме таквите пејачи. Во наредниот период, за многу брзо време ќе излезе неговиот нов сингл заедно со видео запис, потоа следува настап на ’Скопски фестивал‘ и, секако, подготовка на новиот албум“ – изјави Кристијан Стефановски, прв човек на „План Б“.

Алабаковски ја започна својата кариера со победата на „М2 потрага по ѕвезда“ во 2004 година и до сега има издадено 3 албуми, на кои се најдоа бројни хитови како што се „Спаси ме“, „Море од солзи“, „Бело е сè“, „Врати ми го срцето“, „Да не те љубев“, како и  „Живеам за нас“ со која минатата година се претстави на Скопскиот фестивал и која Елена Ристеска ја напиша за него и неговата сопруга, битолчанката Магдалена со која Ламбе се ожени годинава. На неговиот настап можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑