Македонија lambe

3 ноември, 2014

Ламбе ќе стане татко

Ламбе Алабакоски наскоро ќе стане татко, пишува „Вечер“. Неговата сопруга Магдалена веќе е влезена во деветтиот месец од бременоста и ситно се бројат деновиве до нејзиното породување. Двојката чека син. Како што пишува „Вечер“, пејачот и неговата избраничка се заедно неколку години, а во брак се од лани. Веднаш по свадбата заминаа на неколку месеци во Америка, каде живее и семејството на Магдалена, која по потекло е битолчанка. Во моментов живеат во семејната куќа на Ламбе, во Љубојно.

По минатогодишната победа на „Скопски фестивал“, пејачот претстави неколку песни и видео записи, а го подготвува и својот нов албум. Последно нешто што имавме можност да го слушнеме и видиме од него е песната „Дојди ми“, на чиј видео запис можете да се потсетите во продолжение.

 



Врати се горе ↑