Македонија lambe

30 октомври, 2013

Ламбе го најави новиот сингл (видео)

Поранешниот ексклузивец на М2 продукција, кој од неодамна премина во „План Б“ продукција, Ламбе Алабаковски денеска претстави кратко видео во кое го најавува новиот сингл, а во последните десетина секунди може да се слушне како ќе звучи новата песна, чиј наслов за сега не е познат. Како што најавија од неговата нова продукција, покрај новиот сингл кој ќе добие и свој видео запис, Ламбе се подготвува за настапот на претстојниот Скопски фестивал кој ќе се одржи следниот месец.

Најавата за новиот сингл кој ќе стигне на 5-ти ноември можете да ја видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑