Концерт GIBONNI

13 ноември, 2013

Ламбе Алабаковски гостин на големиот концерт на ЏИБОНИ

По долгогодишно чекање, познатиот сплитски пејач конечно доаѓа во нашиот главен град! Еден од најпопуларните пејачи на регионалната музичка сцена Златан Стипишиќ ЏИБОНИ ќе настапи во Скопје на 16-ти ноември. Џибони во неколку наврати изјави дека на македонската публика ѝ ветува посебен концерт и незаборавна вечер исполнета со многу изненадувања.

Едно од тие изненадувања е и Ламбе Алабаковски кој ќе биде гостин на концертот на далматинскиот легендарен кантавтор. Поп-пејачот е поканет за гостин на концертот од „План Б“, од неодамна негова матична продуцентска куќа. Ламбе и приватно е обожавател на музиката на Џибони, а по подолга пауза од македонската музичка сцена тој е повторно актуелен и со нова песна насловена „Земи сè“, како и со победата на Скопскиот фестивал 2013.

За задоволството да биде уште поголемо, покрај Ламбе Алабаковски, придружниот бенд од 10 музичари, гости на овој концерт на Џибони ќе бидат: македонскиот легендарен виртуоз на гитара, Влатко Стефановски и импресивната вокалистка Стефани која е единствената дама со статус на солистка во славниот и „Греми“ наградуван Лондонски Госпел Хор (The London Community Gospel Choir). Показател дека на 16-ти ноември во Скопје нè очекува исклучително концертно доживување е и последниот настап на Џибони во Белград на кој во вистинска екстаза ги понесе 17.000 фанови во „Комбанк Арена“.

Ам­ба­са­дор на доб­ра вол­ја на УНИ­ЦЕФ, хе­ви-ме­та­лец од бен­дот “Ос­ми пут­ник”, ав­тор на романтич­на­та “Це­са­ри­ца” на Оли­вер Дра­го­е­виќ, тат­ко на три­ де­ца, се­то ова е Зла­тан Стипи­шиќ – Џи­бо­ни. Споредуван со артисти како Питер Габриел, „Пинк Флојд“ и „Џенезис“ – Џибони неодамна беше посочен од страна на престижниот „ЛА Тајмс“ како артист кој светот мора да го чуе, а следна дестинација на неповторлвиот музички уметник, кој зад себе има богата кариера подолга од 20 години, е токму Скопје.

До големиот концерт во Скопје остануваат само уште три дена. Сите македонски фанови оваа сабота ги очекува вистински концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ каде што покрај сите стари, легендарни хитови како „Либар“, „Миракул“, „Не одустајем“, „Темпера“, „Опрости“,  ќе има можност да ги чуе и песните од новиот албум на маестралниот Џибони кој е снимен на англиски јазик – „20th Century Man“.

Влезниците за овој концерт се достапни во продажната мрежа на МК Тикетс, по цена од:

  • 400 денари – горните три реда од трибините
  • 600 денари – останатите редови од трибините
  • 500 денари – партер
  • 1000 денари – ВИП трибини
  • 1200 денари – ВИП партер

Концертот на Џибони во Скопје е дел од европската турнеја за промоција на неговиот нов албум „20th Century Man“. Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот на арената „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за посетителите од 20:00 



Врати се горе ↑