Свет Liza-Minnelli

14 ноември, 2012

Лајза Минели во серија за Бродвеј

Холивудската ѕвезда Лајза Минели ќе гостува во една епизода од серијата „Smash“. Пејачката и актерка Минели ќе се игра самата себе, а ќе испее и една нумера во епизодата која ќе биде емитувана во февруари 2013. Во серијата инаку глумат Дебра Месинг и Анџелика Хјустон, во која се зборува за животите на писталите, продуцентите и актерите кои играат на бродвејскиот мјузикл за Мерилин Монро.

Лајза Минели е всушност мултиталентирана сензација во шоубизнисот, особено заради нејзиниот извонреден придонес на Бродвеј“ – изјавил претседателот на телевизиската мрежа ЕнБиСи (NBC), додавајќи дека нема подобро нешто од тоа Минели да се појави во серијата која го слави светот во кој таа сјаела со децении.

Ќерката на режисерот Винсент Минели и холивудската легенда Џуди Гарланд, Лајза (66) е една од ретките која освоила Оскар, Еми, Греми и Тони награда. Најпозната е по улогата во мјузиклот „Кабаре“. Во продолжение погледнете го делот од филмот, можеби најпознатата песна од истиот „Money Make The World Go Round“.

Извор: kurir-info.rs



Врати се горе ↑