31 мај, 2013

„Лајн аут“ го претставија „Ова лето“

Бојан Дамјаноски (гитара) и Бојан Вељаноски (вокал) или накратко „Лајн аут“ (Line Out) во средата ја промовираа својата најнова песна со наслов „Ова лето” и за истата се изработи и соодветен видео запис. По успешната соработка со нивниот композитор Зоран Алексиќ, која официјално започна со композицијата „Јас не заминувам” и која доживеа голем радиски успех, тие повторно му се доверија и за новиот сингл, додека текстот е дело на Рената Кралевска.

Овој пат ќе имате можност да ги погледнете „Лајн аут“ во новиот видео запис за „Ова лето”, кој го изработи младиот режисер и фотограф Бојан Стоилковски.



Врати се горе ↑