Настани sunrise beach

13 јуни, 2013

Лафинг Буда и Орјан Нилсен ќе ја отворат плажата Санрајз во Охрид

Едно од водечките имиња во светот на трансот како и супер стар диџејот за електронска музика, Лафинг Буда (Laughing Budda) и Орјан Нилсен (Orian Nielsen) ќе го означат почетокот на работењето на македонската Ибица, лоцирана на брегот на Охридското Езеро, во рамките на плажата Немо. Плажата Санрајз е предвидена да стане епицентар на урбани забави за ова лето.

Продукција Сонце која стои зад целиот менаџмент на плажата најавува супер програма и многу интересни содржини. По 21-ви и 22-ри јуни, викендот со кој официјално се отвара бич барот, се најавени следниве имиња:

–       Дарен Емерсон

–       Марко Настиќ

–       Том Нови

–       Метју Дикеј

–       Антониа

–       Мелисиа

–       Фанкермен

–       Брансел и многу други.

Покрај вечерните журки на плажата ќе се одржуваат и дневни настани со македонски диџеи, планиран е и коктел фестивал како и неколку забави во пена.

На 21-ви јуни покрај Лафинг Буда, како домашна подршка ќе настапат: СаундКилах, Дејан Доги и диџеј Даре. Во сабота на 22-ри јуни на Санрајс бич ќе имаме можност да чуеме едно од најголемите имиња на денешницава, супер стар диџејот и ексклузивец на најголемата етикета за електронска музика Армада Мјузик, Орјан Нилсен кој за прв пат ќе настапи во Македонија. На 22-ри како домашна подршка се потврдени: диџеј Бабура, диџеј Боби, и диџеј Даре.

Почетокот на забавата е во 23:00 часот, а влезниците се веќе во предпродажба по супер промотивна цена од 250 денари почнувајќи од среда 12-ти јуни, додека пак од 20-22 јуни по цена од 300 денари на следниве места: ЈУГОТОН, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Кафе Круг Аеродром, Зи Зи Топ – Охрид, Агора – Куманово, Комишн Сиско – Кочани, Хард Рок – Битола, Кафе Корзо – Гевгелија.



Врати се горе ↑