14 јули, 2015

„Ладно ми е“ е новиот сингл и видео запис на „Шајн“

Дуото „Шајн“ (Shine), составено од виртуозите Дамјан Пејчиноски и Јордан Манов, по пауза од две години се враќа на музичката сцена со нов сингл и видео запис. Станува збор за темата насловена „Ладно ми е“, чии автори се Дарко Димитров (музика и аранжман) и Игор Кузмановски (текст), а за екранизацијата се погрижи познатиот режисер Даниел Јовески.

По објавувањето на новата песна, момците ветија дека овој пат нема да нè остават долго да чекаме на нов материјал, така што следното музичко парче од „Шајн“ можеме да го очекуваме за 3 месеци, а дотогаш уживајте со „Ладно ми е“!



Врати се горе ↑