1 јули, 2013

Лабаво Лавабо продолжуваат со „Дијамантите“ од Ријана

По одличната преработка на „Niggas In Paris“ и првиот авторски сингл „Во твојата улица“,  Лабаво лавабо продолжуваат да работат со полна пареа. Следно на распоредот дојде видеото за преработката на хитот „Diamonds“ од Ријана. Одлична изведба во која момците го ставаат својот личен печат, давајќи ѝ на песната една сосема друга димензија.

За продукцијата на видеото, беше задолжена истата екипа која што работеше и на „Niggas in Paris“, со мали измени: Борјан Сандревски – камера, Бојан Филиповски – монтажа, постпродукција, Тихомир Кашмицовски – светло, додека за аудиото беа задолжени Nipple records. Како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете горе. Уживајте!



Врати се горе ↑