11 април, 2013

Лабаво Лавабо ја преработија „Niggas in Paris“

Македонскиот состав Лабаво Лавабо Ви го претставува својот прв видео запис,  преработка на веќе култната „Niggas in Paris” од Џеј Зи и Канје Вест.

Лабаво Лавабо е кавер бенд кој постои од 2010 година. Бендот го сочинуваат: Бојан Филиповски (вокал, бас гитара), Виктор Филиповски (тапани), Дејан Михајловиќ (гитара) и Борислав Веселинов (саксофон). Во текот на трите години постоење, гордо можат да се пофалат дека имаат преку 250 настапи низ целата држава. Моментално работат на авторски материјал, за кој нема многу да откриваме, освен тоа што нивниот прв сингл можеме да го очекуваме многу наскоро! До тогаш уживајте во одличната преработка на големиот хит.



Врати се горе ↑