Свет lr

21 јули, 2014

Ла Ру: „Батали го Канје Вест, никој не го сака!“

Поранешното дуо Ла Ру, кое сега веќе има само еден член – Ели Џексон, во неодамнешен разговор за The Sunday Times изјавила дека никој не го сака Канје Вест. Џексон соработувала со познатиот рапер во 2010 година за неговата Греми наградена песна „All Of The Lights“, додека Вест ја возвратил услугата со ремикс за нејзиниот деби сингл „In For The Kill“. На прашањето за соработката со популарниот рапер, пејачката одговорила: „Не, батали го! Никој не го сака.“

Џексон, чиј нов албум „Trouble In Paradise“ објавен на 7 јули, е достапен за преслушување на нејзината официјална веб страна, објаснила зошто за новиот материјал беа потребни повеќе од две години: „Тоа што одзеде најмногу време беше леснотијата. Понекогаш ќе седевме со часови, слушајќи ја песната и велејќи ’нема леснотија’. Па така ја снимавме повторно и повторно, сè додека не звучеше како да сме ја снимиле спиејќи. Си дозволувавме да бидеме опуштени и да не ни е гајле што ќе помислат другите.“

За време на снимањето на новото издание, Џексон се раздели со својот музички партнер Бен Лангмеид, со образложение дека не се разбирале во поглед на музиката. Во продолжение преслушајте делови од песните од „Trouble In Paradise“.



Врати се горе ↑