Аудио Fergie-L.A.-La-La-Love

29 септември, 2014

„L.A. Love (La La)“ е новиот сингл на Ферги

Американската пејачка Стејси Ен Фергусон, позната само како Ферги, неодамна го најави својот втор соло албум, кој ќе го наследи нејзиното мошне успешно првенче „The Dutchess“, објавено пред осум години. Со хитови како што се Fergalicious“, „Glamourous“ и Греми номинираната „Big Girls Don’t Cry (Personal)“, 39-годишната пејачка имаше навистина тешка задача да направи песни кои ќе ги освојуваат топ листите, па по подолго време во студио, денеска конечно стигна и првиот сингл од новото издание. Станува збор за песната насловена „L.A. Love (La La)“, чија продукција ја потпишува диџеј Мастард, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.

 



Врати се горе ↑