Концерт

12 јуни, 2018

„Квин симфонија“ со Македонската филхармонија

Град Скопје, Градски летен парк, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар го најавуваат најголемото „Квин симфони шоу“! Во изведба на „Квин риал трибјут“ (Queen Real Tribute), оркестарот на Македонската филхармонија и Хорот на Македонската опера и балет, под диригентство на Милош Јовановиќ од Србија, на 22 јуни во Градскиот парк, со специјални аранжмани за оркестар и хор, ќе прозвучат најголемите хитови од една од највлијателните групи на сите времиња, легендарите „Квин“.

„Квин риал трибјут“, составена од: Иван Ристановиќ (вокал), Ненад Бојковиќ (гитара), Иван Дерфи (бас) и Радош Чапин (тапани), постојано ја фасцинира публиката ширум светот, а во петок, 22 јуни, со почеток од 21.30 часот, со нивните навистина фасцинантни изведби ќе ужива и македонската публика.



Врати се горе ↑