Настани

1 март, 2019

„Квин“ повторно во Скопје: „Real Bohemian Rhapsody by Queen Real Tribute“ во „Станица 26“

По одличниот концерт во Скопје во градскиот парк заедно со Македонската Филхармонија, по концертите во Кина, Франција, Швајцарија, по распродадените концерти во Белград – Сава центар и Загреб – Лисински, најголемиот светски трибјут-бенд на легендарните „Квин“ повторно доаѓа во Скопје во клубот Станица 26.

Queen Real Tribute“ ќе одржи повеќечасовен концерт во клубот „Станица 26“ на 21 март 2019 година со почеток во 20.00 часот. Бенд кој свири концерти низ половина свет (само во Бразил одржаа повеќе од 70 концерти), и бенд кој работи на сите поголеми фестивали и конвенции за „Квин“. Публиката ќе има можност да биде сведок на уште еден одличен концерт, со евергрините „Show Must Go On“, „We Are The Champions“, „I Want to Break Free“, „Radio Ga Ga“, „We Will Rock You“, „Bohemian Rhapsody“

Влезните билети се пуштени во претпродажба во 3 категории, а публиката може да ги набави преку продажната мрежа на МК Тикетс.



Врати се горе ↑