Свет x-factor-2012

17 јануари, 2013

Курс за идни натпреварувачи на „X Factor“

Како што пишува магазинот NME, идните натпреварувачи во британската верзија на емисијата за потрага на нови таленти „X Factor“ ќе можат да се подготвуваат за аудициите на ова шоу, само ако платат 95 фунти и го посетуваат курсот во времетраење од 17 недели на колеџот Bishop Auckland. Заинтересираните ќе бидат обучувани за техники на пеење и настап, со посебен осврт како да покажат сигурност пред судиите.

Мајк Џинкс, еден од авторите на овој курс вели: „Луѓето кои одат на аудициите треба да знаат дека оние кои успеале во X Factor, не стигнале до таму случајно. Тоа не подразбира дека дошле, отпеале песна и станале славни. Поголемиот дел од пријавените го прават тоа веќе со години, а многу ретко се појавува природен талент како што е Сузан Бојл.

 

 



Врати се горе ↑