Настани 936023_10200349935990642_494181541_n

27 декември, 2013

Курд Маверик во Експо Центар за Новогодишната ноќ

Меѓународниот суперстар диџеј и водечки светски ремиксер на Роби Вилијамс, Боб Синклер, Бој Џорџ, Ерик Морило и други, етаблираниот Курд Маверик (Kurd Maverick) од Spinnin Records ќе ја забавува публиката во Експо Центар за Новогодишната ноќ. Еден од најголемите хитови на денешницата „Hell Yeah” е неприкосновен хит на човекот кој го нарекуваат господар на хаус музиката, а траката има и своја верзија со добитникот на Греми наградата Џермејн Дупри.

На 31-ви декември скопската публика ќе ја има можноста да се забавува со нумерите на Курд кои го етаблираа како светски продуцент: „Let the bass kick“, римејкот на „Pump up the jam“ за Министри оф саунд, „The Rub“, „Let’s work“, „Strings of Tortuga“, „Love Sensation“, како и химната на неговиот клуб „Ring Ring Ring” (од Де Ла Соул). Продуцентот ќе има домашна поддршка од диџеите од Антена 5 радио Никифор, Ицко и Лефанк.

 

Влезниците за најголемата и највозбудлива новогодишна забава се пуштени во претпродажба во Југотон, Камарад Рамстор, Цвеќарница Розе (Веро2) и на сите продажи места на МК Тикетс по цена од 400 денари до 29-ти декември (недела), а на 30-ти и 31-ви ќе се продаваат по 500 денари.

Како празничен подарок од Експо Центар, првите 500 влезници ќе бидат по супер празнична цена од 300 денари.



Врати се горе ↑