Настани LINE UP

26 август, 2014

Кумановската „Револуција“ започнува по втор пат

Второто издание на најголемиот музички настан некогаш организиран во Куманово, „Револушн Фестивал“ започнува овој четврток 28,29 и 30 август, и истиот ќе се оддржи во Касапски Круг, во самиот центар на Куманово. Првиот фестивал кој се оддржа во јуни минатата година беше еден од најдобро организираните манифестации во Македонија. Со 4000 посетители и одлична музичка програма, фестивалот помина во најдобар ред, па не е ни чудо што кумановци едвај чекаат да дојде и второто издание на овој фестивал.

Дел од артистите кои настапија минатата година беа Бед Копи, Нокаут, Гоце САФ, Фулиш Грин, Подземан Ефект, Аутмајнд, додека за оваа година организаторите најавуваат уште поголема и побогата програма. Досега потврдени имиња кои ќе настапат на „Револушн Фестивал“ се:

–        Суперхикс

–        Прти Би Џи (Prti Bee Gee)

–        Конкеринг Лајон

–        Герила

–        ЗАА

–        СИЗ

–        Ти-Ви Рејџ

–        Никифор

–        Арго

Влезниците се пуштени во продажба по симболична и промотивна цена од 300 денари за блок влезница, 100 денари дневна влезница (28 и 29.08) и 200 денари (30.08).

 



Врати се горе ↑