Настани

25 август, 2018

„Куманово хенгаут мјузик фестивал“ на 14 и 15 септември

„На 14 и 15 септември ќе можете да уживате во прекрасна музичка манифестација и фестивал, чија цел е да се соединиме сите заедно, да се забавуваме и уживаме на едно заедничко урбано место, а тоа е ПАРКИНГОТ НА СПОРТСКАТА САЛА во Куманово. На површина од околу 5.000 м2 сите заедно ќе уживаме на ’Куманово хенгаут мјузик фестивал’ (KUMANOVO HANGOUT MUSIC FESTIVAL). Покрај музичките имиња и музичката манифестација, сите заедно ќе бидеме дел и од хуманитарна акција и спортски натпревари“, пишува во соопштението за овој настан.

Првата вечер е резервирана за кумановскиот џез-фестивал, во чии рамки ќе настапат нашите „Кабадајас“ и „Фирс“, како и гостите Висар Куци од Косово, „ДРОМ“ од Грција и „Васил Хаџиманов бенд“ од Србија, додека следниот ден, на 15 септември ќе настапат: Игор Џамбазов и Гуру Харе, „Нокаут“, ДНК и „Ван Гог“. 

Цена на билетот е 500 денари и ВИП билети од 1.000 денари за двете фестивалски вечери. Тоа значи дека со купување на билет од 500 или 1.000 денари ќе можете.да.присуствувате двете вечери на фестивалот. Повеќе детали за настанот на Фејсбук.

KUMANOVO HANGOUT MUSIC FESTIVAL14-15 september

Gepostet von Kumanovo Hangout Music Festival am Samstag, 25. August 2018



Врати се горе ↑