Македонија

5 јули, 2017

Кумановците „Ки“ триумфираа на „Гитаријадата“ во Заечар

На самиот почеток на месецов, во Заечар се одржа 51. издание на фестивалот „Гитаријада“, во чии рамки се натпреваруваа вкупно 16 бендови од регионот, а победата отиде во рацете на македонската група „Ки“, чија награда доаѓа во форма на комплетна продукција на албум.

19657109_845886125587216_2124636470435481111_n

Кумановците својот поход го започнаа во 2015 година, влечејќи богато искуство од претходниот состав „Ептен“, по чие распаѓање членовите се собраа под ново име. Ги краси електро арт звук, за кој се заслужни Андреј Димковски (бас гитара), Милош Краљевски (тапани), Александар Краљевски (вокал и гитара) и Стефан Илиевски (клавијатура и синтисајзер), а специјални членови се Марко Николовски (диџеј, електроника, семплови), Марко Петровски и Даме Јовановски. 

19756749_845886132253882_6868107703952996877_n

Минатата година учествуваа и на фестивалот за демо бендови „Демо фест“ во Бања Лука, но иако не освоија ниту една награда, кумановците беа очигледни фаворити, а медиумите во регионот имаа само пофални зборови за талентираните музичари. Освен на „Гитаријадата“ во Заечар, момците пред еден месец триумфираа и на првата „Мини гитаријада“ во Врање.

19875135_845886142253881_1481746494352152312_n

„’Ки’ е трагач, бегалец од безличноста на светот кој го опкружува. На пат од кој нема назад, без кормилар на бродот, препуштен единствено на ветерот и неговата имагинација, тој полови кон својот остров, од другата страна на умот, каде разумот е ништо освен слуга на ирационалното. Неговиот брод е совршено опремен и насочен во правец кон непознатото, далеку од сè, а најмногу од привидниот ред кој владее во светот околу него. За разлика од совршенството на неговиот брод, тој е свесен за неговото несовршенство, но успева од истото да создаде свет доволен самиот на себе, во кој има место за секој што сака да биде дел од него.“

Пред точно една година, „Ки“ го објави и својот прв сингл насловен „Град“, на кој можете да се потсетите во продолжение, а ние им ја честитаме победата и со нетрпение го очекуваме новиот албум. Браво момци!

И.Ј. / Насловна фотографија: gitarijada.org

 

 



Врати се горе ↑