Настани land-art-kula

5 јуни, 2015

Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за „Ленд арт“

Културниот центар „Кула“ отвора повик за учество на работилница за „Ленд арт“ (Land Art). За потребите на оваа работилница „Кула“ накратко ќе се пресели на падините на Китка. Повикот е отворен за сите заинтересирани кои би сакале својата креативност да ја изразат во природа. Работилницата ќе започне во „Кула“ на 11 јуни (четврток) од 18 до 20 часот, а активностите на Китка ќе се одвиваат на 13 и 14 јуни (сабота и недела).

Ментори на оваа работилница се Марко Јанев, Филип Векловски и Никола Анѓеловски, а координатор на истата е Маја Стојковска. Рокот за пријавување на работилницата е најдоцна до 9 јуни, а превозот, сместувањето и оброците во текот на двата дена се обезбедени од страна на „Кула“.

„Land art“ (earth art, environmental art) е правец во уметноста кој се разивива како реакција против искомерцијализираната институционлана уметност во шеесеттите и седумдесеттите години во САД. За создавање на „Land Art“, специфично е тоа што уметниците ги користат природните материјали (земја, камен, дрво, лисја…) кои се наоѓаат во околината каде и ги креираат и поставуваат самите дела. Целта на оваа уметност создавањe симбиоза помеѓу делото и природата.

На 11 јуни (четврток) од 18 часот задолжително е сите селектирани учесници да ја проследат презентацијата за „Land Art“ во „Кула“, но воедно и да се запознаат со програмата на работилницата, како и со останатите учесници и менторите на работилницата.

Локациите каде што ќе се одвиваат активностите за време на работилницата се во селото и неговата околина, додека кампот каде што ќе престојуваат учесниците ќе биде сместен во дворот на „вилата на дедо Боро“.

По завршувањето на работилницата во „КУЛА“ ќе се одржи изложба со фотографии и видеа со делата создадени за време на работилницата. Работилницата е подржана и финансирана од Холанската амбасада во Скопје.

Сите заинтересирани можат да се пријават преку испраќање на пополнета апликација, заедно со кратко CV и мотивационо писмо на ku-la.org најдоцна до 9 јуни 2015.

Бројот на учесници е ограничен на 20 (дваесет).



Врати се горе ↑