Настани Jazz&Jazz

5 декември, 2013

Културен Џез Шок во Галерија 8

Во недела, на 8-ми декември срцето на старата скопска чаршија ќе чука во џез ритам кој ќе биде понесен од австриските музичари – џез триото Гаспар ( Адриан Гаспар, Јасмин Султанич, Игор Пешиќ) кои на публиката ќе ѝ овозможат целовечерно музичко уживање. Кафе Галерија 8 ќе биде местото на случување на настанот наменет за оние кои сакаат вистински да ја доживеат фузијата  на балкан, џез, електроника базирана на ритам секција со потребни импровизации од кои застанува здивот.

Џез и Џез ќе биде надополнет со диџеј сетови на Бојан Шамба (Летечки Пекинезери) и Бојан Чакра, а самиот настан ќе започне во 21 часот. Бидете дел од овој културен џез шок и уживајте во ноќта затоа што во понеделник… ќе спиете до доцна – се празнува Св. Климент Охридски.

Во продолжение, слушнете како тие звучеа на Нишвил Фестивалот.

 



Врати се горе ↑