Македонија

28 октомври, 2016

„Куку леле“ снимаат жешко видео за своите „Лисици црни“

„Лисици црни имам“ е насловот на најновата песна на моментално едни од најбараните изведувачи во земјава, Панки и Роберт Саздов од „Куку леле“. Зад текстот, музиката и аранжманот на новата песна се потпишува Роберт Саздов, а пред неколку дена беше снимен и доста провокативен видео запис.

„На снимањето на спотот беше многу динамично и возбудливо. Видеото за ’Лисици црни имам’ е дел од квадрилогијата која ни е планирана за 2016 година. Две песни веќе се објавени, ’На сон ми доаѓаш’ и ’Шутни го бејбе’, а оваа ќе биде трета. По неа подоцна ќе ја објавиме и четвртата песна, но сите ќе бидат сите поставени на еден линк како една подолга видеоприказна“, вели Роберт.

Покрај Роберт и Панки, во видеото се појавуваат седум атрактивни девојки, а за снимањето биле користени и разни реквизити од продавницата за сексуални помагала „Валијант“. Дуото неодамна откри дека подготвува и двоен албум, а новата песна и видео запис ќе бидат промовирани за многу скоро време. Дотогаш уживајте со последната песна на „Куку леле“, „На сон ми доаѓаш“.



Врати се горе ↑