Македонија kuku-lele-e1360052208772

17 февруари, 2013

„Куку леле“ се враќаат на сцената

После подолга пауза легендарните „Куку леле“ се враќаат на музичката сцена и тоа со настап во клубот „Колосеум“, кој е закажан за 2 март. Освен Панки и Роберт, на големата сцена во „Колосеум“ ќе се појават и момците од ДНК, како и Лила, која ќе биде домаќин на спектаклот, пишува „Вечер“.

„Заедно со нас ќе настапат и други изведувачи, но целиот тој настан се најавува преку нашето име, претпоставувам затоа што ние сме со подолг стаж“, вели Роберт Саздов, фронтменот на групата.

Со овој настап Панки и Роберт и официјално и се враќаат на музиката, а најавуваат и нов материјал кој треба да излезе наскоро. Деновиве се очекува да излезе и нов ремикс на песната „Заборави“.

„Време е малку да се размрдаме. Нешто ново не сме имале од 2007 година, последна песна ни беше ’Удри јако’, која ја снимивме за изборот на спортска химна. Здравје в година планираме и голем концерт, но за тоа потоа, кога ќе дојде вистинското време“, открива Роберт, ветувајќи дека во иднина апстиненција од музичката сцена, кога „Куку леле“ се во прашање, нема да има.

Концертот е во организација на „Дрим тим“, а билетите по цена од 200 денари се пуштени во продажба.

 



Врати се горе ↑